mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Младите од североистокот ќе ја подобруваат енергетската ефикасност на објектите

Младите од североистокот ќе ја подобруваат енергетската ефикасност на објектите

Типографија

Младите од Североисточниот регион се обучуваат за подобрување на енергетската ефикасност.

Обуката ја спроведува Здружението на граѓани „Доверба“ од Куманово со поддршка на Владата.

Проектот „Заедно со младите за подобра енергетска ефикасност“, има за цел да ги едуцира младите за климатските промени и потребата да работат и активно да се вклучат во конкретна реализација на мерките и предлозите за зголемување на енергетската ефикасност во домовите и општините.

  • На обуките учествуваат млади над 20 години од шестте општини од североисточниот регион. Она што ќе го научат овде, ќе имаат можност да направат разлика и да го применат во општините од каде доаѓаат. Мерките кои што ќе ги научат сега ќе имаат можност да ги разработат во алатка, која ќе им биде понудена во форма на табела, ќе ги развиваат идеите за кои дискутираат - вели Ивана Јанковска коориднатор на проектот.

Предавањата ги спроведуваат стручни лица од Македонија и Холандија. Во станбениот сектор во последно време во Македонија се забележува одреден напредок во однос на енергетската ефикасност, вели предавачот од Холандија Лук Ван Горп, но потенцира дека кај зградите кои се постари има потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност.

  • Важно е што на оваа тема се дискутира и се работи и постои свесност за зголемување на енергетската ефикасност - вели Ван Горп.

Учесниците од Куманово и Кратово, Мартин Милошевски и Ивана Андоновска сметаат дека програмата која се предава е применлива во однос на зголемувањето на енергетската ефикасност во семејните домови.

Проектот предвидува и супервизорска средба, која ќе се оддржи во ноември и финална дебата, која ќе се реализира во декември. На финалната трибина, младите ќе ги споделат научените мерки за зголемување на енергетската ефикасност со заинтересираните субјекти од Куманово и соседните општини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија