mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Арифи: „Југохром“ ќе престане со работа ако не го намали загадувањето

Арифи: „Југохром“ ќе престане со работа ако не го намали загадувањето

Типографија

Доколку не се исполнат условите и не се постават заштитни филтри во загадувачот „Југохром“ со што ќе се редуцира емитирање на штетни гасови овој индустриски капацитет дефинитивно ќе престане со работа до крај на март 2017 година.

Сето ова е поради фактот што во текот на овие критични месеци показателите на загадувањето на воздухот во Тетово достигнуваат алармантни цифри. Ова е ставот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која вели дека овој нејзин став не сака да се толкува како тенденција за предизвикување на социјална штета врз вработените и нивните семејства.

  • Токму поради тоа сметам дека Владата на Република Македонија треба да понуди оддржливо решение за горенаведениот проблем и на ургентен начин да превземе одговорност за надоместок и обештетување на вработените во овој индустриски капацитет во периодот додека овој капацитет нема да работи - вели Арифи.

Во интерес на граѓаните на Тетово и од полошкиот регион но и за самата држава, како што додаде, е да имаме што почиста животна средина во која сите слободно ќе дишеме.

Индустрискиот капацитет „Југохром“ се наоѓа во општина Јегуновце на околу 12 километри воздушна линија од Тетово.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија