mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Помош за земјоделците да се справат со климатските промени

Помош за земјоделците да се справат со климатските промени

Типографија

Центарот за еколошка демократија Флорозон заедно со Германската амбасада и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжија кампањата за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

На плоштадот Македонија во Скопје директорот на ЦЕД Флорозон, Кирил Ристовски рече дека во рамките на кампањата за зголемување на јавната свест за влијанието на климатските промени врз земјоделството одржуваат повеќе настани.

  • Еден дел од активностите се насочени кон пошироката јавност, а друг дел кон специфичната целна група-земјоделците. Од досегашниот тек на кампањата впечатокот е дека помладата генерација земјоделци се поотворени околу користењето мерки за заштита на земјоделското производство од климатските промени во споредба со повозрасната генерација - рече Ристовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков пак додаде дека климатските промени се чувствуваат во Македонија, тука пролетта, летото, есента и зимата се мешаат.

  • Во вакви ситуации земјоделците тешко се снаоѓаат. Ние во соработка со Светска банка изработивме студија за тоа колкави ќе бидат промените според која во некои делови ќе има големи поплави, а во други ќе биде голема суша. Сега работиме еден проект со ФАО за да им помогнеме на земјоделците да се приспособат - вели Цветков.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер вели дека климатските промени влијаат врз многу области како миграцијата, безбедноста, и секако земјоделството.  - Ние имаме фонд за помош за справување со климатските промени со чија помош во Македонија финансираме два проекта од кои еден е овој - рече Алтхаузер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија