mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Општина Битола вклучена во меѓународен проект „Креативни индустрии и енергетска ефикасност“

Општина Битола вклучена во меѓународен проект „Креативни индустрии и енергетска ефикасност“

Типографија

Општина Битола ќе учествува во меѓународниот проект „Креативни индустрии и енергетска ефикасност“.

Меморандумот за соработка и учество во меѓународниот проект „Креативни индустрии и енергетска ефикасност“ Општина Битола го потпиша со балканскиот фонд БЦЦ, Универзитетот „Марин Барлети“ од Албанија и албанскиот Институт Адриа.

Од Општината велат дека вклучувањето во проектот „Креативни индустрии и енергетска ефикасност“ ќе овозможи создавање нови партнерства и меѓународна поддршка на проектите на локалната самоуправа.

  • Регионалното поврзување е во функција на проектот „Креативни индустрии и енергетска ефикасност“ кој отвора пат за идни конкретни проекти од оваа сфера. Очекувам  Битола како филмски град посебно да ги почувствува предностите на овој проект и затоа преку потпишаниот меморандум сме дел од него - вели градоначалникот Владимир Талески.

Меморандумот во Битола, освен градоначалникот Владимир Талески, го потпишаа и Адриатик Дудај, директор на Инстутот Адриа за креативни индустрии, директорот на БЦЦ Димитар Николовски-Таки и претставник на Универзитетот „Марин Барлети“.

  • Новоформираната регионална мрежа во овој момент вклучува 18 општини од Албанија и пет градови од Македонија, но ќе бидат вмрежени и градови од Грција и на тој начин ќе можеме да понудиме проекти кои ќе ги користат околу еден милион граѓани кои живеат во овој регион. Поддршката од европските фондови е реална и очекуваме конкретни и креативни идеи - нагласува Адриатик Дудај.

Балканската мрежа БЦЦ (Balkan Cinema City’s) чиј претседател е битолчанецот Димитар Николов-Таки, во текот на годината поддржа три регионални проекти, а во наредниот период директно ќе помога во идејата за обединување на регионите и ресурсите кои овозможуваат побрз развој.

  • Регионите во Албанија во овој момент се лидери од Западен  Балкан за привлекување на странски инвестиции, а фондот БЦЦ како посебен сектор во проектот „Креативни индустрии“ учествува во промоцијата на филмската индустрија. Во овој период ние ги поддржавме проектите „Броукен“ копродукција меѓу Албанија, Италија, Грција и Македонија, потоа проектот „Балканска хармонија“ документарец посветен на Теодосиј Спасов и Влатко Стефановски и проектот „Болката останува“, краток филм во македонско-бугарска продукција, кои очекуваме да имаат фестивалски изведби - појасни Николов.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија