mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Струмица и Ватерло Хастингс Лимитед ќе соработуваат во областа на депонирање цврст отпад

Струмица и Ватерло Хастингс Лимитед ќе соработуваат во областа на депонирање цврст отпад

Типографија

Општината Струмица и фирмата Ватерло Хастингс Лимитед од Обединетото Кралство почнаа постапка за соработка во областа на депонирањето цврст отпад.

Градоначалникот Зоран Заев и директорот Филип де Бурегард, потпишаа меморандум за разбирање кој ги содржи условите и критериумите за разбирање помеѓу општина Струмица и Ватерло Хастингс Лимитед за соработката.

  • Овој меморандум соработката ќе се одвива во правец на спроведување правна постапка во форма на договор за идна соработка во депонирањето цврст отпад од Струмица. Тоа значи спроведување на правни постапки за прибирање отпад за период од 25 години или повеќе, за јавна набавка согласно законот за цена по тон за достава до пречистителната станица, за минимално загарантирано количество отпад за достава до Ватерло Хастингс Лимитед, и целосна законска поддршка со цел изградба и пуштање во функција на пречистителната станица во слободната индустриска зона - се вели во соопштението од општината.

Оттаму додаваат дека со меморандумот е договорено да се спроведат правните постапки за поддршка на инвеститорот со сите придобивки за странски инвестиции во техничката или во друга индустриска зона која би ги сносила сите трошоци поврзани со подготвителните проектни активности и вкупната инвестиција.

  • Општината Струмица би ја поддржала Ватерло Хастингс Лимитед со сите потребни административни процедури и би дала поддршка за потребните услуги. Пречистителната станица би била во можност да ги опфати другите околни општини за преработка на нивниот отпад - се додава во соопштението.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија