mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Над 16 илјади учесници во националната акција за чистење на Македонија

Над 16 илјади учесници во националната акција за чистење на Македонија

Типографија

Над 16.000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта чистеа на 156 локации низ 53 општини во државата, во рамки на националната акција за чистење, организирана од асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

Ваквите национални акции, како што информираат организаторите, се значајни најпрво поради самото чистење на голем дел од Македонија, со тоа што Македонија се вклучи во глобалната акција „Let’s do it world“, поддржана од Европскиот парламент и поради тоа што проблемот со отпадот во Македонија го издигнавме на највисоко ниво.

Акцијата е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ што има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници. Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за поддршка и развој.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија