mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

УХМР: минусни температури кон крајот на неделата

УХМР: минусни температури кон крајот на неделата

Типографија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска кон крајот на денот со засилен северен ветер кон нашето подрачје ќе почне да се спушта студена воздушна маса од поларните географски ширини.

Ова, како што наведуваат од УХМР, ќе предизвика во вторник времето да биде променливо облачно, ветровито и постудено со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени. Променливо облачно, студено и ветровито, но претежно суво ќе биде во среда, кога дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во четврток ќе настапи разведрување, па утринската температура ќе се спушти од 0 до 7, а во петок од -2 до 5 степени. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен благ пораст.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија