mksqen
01
Нед, Авг
0 Нови / 7 дена

Флорозон бара волонтери за промотивни настани

Флорозон бара волонтери за промотивни настани

Типографија

Центарот за еколошка демократија Флорозон од Скопје распиша јавен повик за ангажирање пет волонтери за логистичка поддршка во организацијата и во реализацијата на пет промотивни настани во рамките на јавната кампања на проектот „Развој на еколошкото истражувачко новинарство“.

Проектот е финансиран од Европската унија. Со повикот, ќе бидат избрани 5 волонтери кои ќе бидат ангажирани за потребите на делот од јавната кампања на проектот за организирање и спроведување на промотивни настани во Скопје, Битола, Тетово, Струмица и во Штип.

Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ е финансиски поддржан од Европската Делегација во Република Македонија од грантовата шема Поддршка на граѓанските организации, Градење на капацитети на граѓанските организации и слобода на медиумите Action 2014 Europe Aid/136-992/DD/ACT/MK.Главна цел на проектот е зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за развој на истражувачкото еколошко новинарство, воведување на иновативни алатки за граѓанско новинарство, вмрежување, размена на релевантни информации и креирање на услови за финансиска поддршка.

Проектот го спроведува Здружението на граѓани ЦЕД ФЛОРОЗОН од Скопје во партнерство со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Битола.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија