mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Продолжи кампањата „Климата се менува, од нас зависи”

Продолжи кампањата „Климата се менува, од нас зависи”

Типографија

Во дворот од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тераце денеска се одржа ново продолжение на кампањата „Климата се менува, од нас зависи” во организација на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, што се спроведува од Милиеуконтакт Македонија.

Оваа кампања се одржува втора година по ред и со неа се опфатени десет општини низ Македонија каде што се спроведува проектот - Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово-Ростуше и Теарце и ќе трае до 22 октомври.

Жителите на Теарце имаа можност преку едукативни материјали, брошури и дискусии одблизу да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начините за нивно ублажување и адаптација кон нив, преку промени во секојдневните навики на секој поединец.

  • Предизвиците од климатските промени се најголема закана за нашата планета и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој поединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението. Покрај информациите за климатските промени, целта на кампањата е да се подигнат капацитетите на локалната самоуправа и месното население за последиците од нив и прилагодувањето и намалувањето на последиците од овие климатски промени – изјави Радмила Славкова, одговорна за комуникации во проектот на УСАИД.

Според неа, во Теарце извршиме замена на светилките од уличното осветлување со поштедливи со што е намалено ослободувањето на јаглероден диоксид, додека пред еден месец беше преставен зафатот за регулирање и чистење на коритото од рекаат Поника во Доброште за намалување на последиците од можно поплави во тој дел од општината.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија