mksqen
25
Пон, Окт
0 Нови / 7 дена

Голомеов: Рудникот Иловица е безбеден за животната средина

Голомеов: Рудникот Иловица е безбеден за животната средина

Типографија

Не постои опасност од загадување со изградбата на рудникот за бакар и злато Иловица во Општина Босилово, оценува професорот на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Благој Голомеов.

Според Голомеов, проектот е во согласност со најмодерните и најбезбедни стандарди и европски директиви за најсовремени практики во делот на рударството последици од животната средина речиси нема.

  • Влијанието врз животната средина е речиси никакво, зашто технологијата која е усвоена, проектот кој е изработен е без никакво испуштање загадени води во околината. Ќе се врши рецекулација на водата. Јаловиштето кон внатрешната страна ќе има геомембрана, значи низ него биде каменонасипна брана без никаква дренирање на вода низ телото на браната. Во случај ако првите години дојде до излевање на вода по околниот карпест терен тие под браната со додадна акумулација ќе бидат примени и собрани и повторно ќе бидат употребени во технолошкиот процес. Овој капацитет годишно ќе троши по околу 22 милиони метри кубни годишно, па 80 проценти од водата ќе се враќа назад - објаснува професорот Голомеов.

Тој смета дека не постои никаква причина да не се поддржи овој проект кој според него ќе биде економска локомотива на регионот, и треба да отвори околу 500 работни места. Во меѓувреме во општината Босилово се одржуваат јавните расправи за комплетирање на државната урбанистичко планска документација.

Во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Во рудникот ископ треба да се врши наредните 23 години, а во него ќе бидат вработени 400 лица. Според Еуромакс ресорсис годишниот извоз би изнесувал 300 милиони долари, а целата инвестиција околу 500 милиони долари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија