mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Пехчево се подготвува за адаптација кон климатските промени

Пехчево се подготвува за адаптација кон климатските промени

Типографија

Преку проектот „Климата се менува, од нас зависи“, жителите на Пехчево ќе се запознаваат со проблемот со климатските промени и како подобро да се подготват за нив.

Целта на оваа кампања, изјави денеска Радмила Славкова, координатор на проектот, е подигнување на јавната свест и поддршка во борбата против климатските промени

  • Нашата порака е: предизвиците од климатските промени се најголема закана за нашата планета и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој поединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението - рече Славкова.

Пехчево е првата општина во државава која со поддршка на Милеуконтакт Македонија и УСАИД изработи долгорочна стратегија за климатските проемни. Градоначалникот Игор Поповски потенцираше дека остануваат уште неколку чекори за реализација предвидени во стратегијата.

  • Со задоволство можам да кажам дека сериозно пристапуваме кон реализацијата на активностите предвидени во стартегијата. Успеавме сите објекти на јавните установи да ги направиме енергетски ефикасни, греењето во објектите се заменува со печки на пелети, како што е инсталирање на печки на пелети во градинката, во основното училиште и ред други активности со што ние значително го намалуваме процентот на ЦО2 во атмосферата. Со истото темпо на реализација ќе продолжиме и во идниот период - рече Поповски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија