mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Пазарот во Вараждин стана и енергетски зелен

Пазарот во Вараждин стана и енергетски зелен

Типографија

Покривот на пазарот во хрватскиот град Вараждин е претворен во соларна централа.

Поставени се соларни панели со кои ќе се добива електрична енергија за потребите на пазарот, а вишокот ќе се продава на хрватското електростопанство.

  • Денес конечно ја пуштаме централата во погон. Сигурен сум дека таа во голема мерка ќе помогне да се добие додадена вредност за нашиот пазар - рекол Предраг Циглар, директор на градскиот пазар во Вараждин.

Соларната централа има површина од околу 1.500 квадратни метри и јачина од 147 киловати. Проектот чинел 187 илјади евра, од кои 147 биле за соларните панели, а другите за изградба на покривната конструкција на пазарот, која морало целосно да биде заменета. Од почетокот на изградбата до пуштањето во употреба не поминала ниту цела година.

  • Сега навистина станавме зелен пазар. Освен што нудиме домашни зелени производи, имаме и енергија од обновливи извори - заклучил Циглар.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан