mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Русија го бара обесштетувањето од 620 милиони евра за Белене

Русија го бара обесштетувањето од 620 милиони евра за Белене

Типографија

Руската компанија за атомска енергија Росатом побарала од бугарската држава да и плати обесштетување од 620 милиони евра за напуштениот проект за нуклеарната централа Белене.

Арбитражниот суд во јуни пресуди дека Бугарја мора да ја плати опремата што компанијата ја произвела за проектот, од кој бугарската држава се откажа во 2012 година поради финансиски проблеми, но и поради загриженоста на Брисел и на Вашингтон за енергетската зависност на земјата од Русија.

  • Руската страна инсистира во најкус можен рок да се спроведе одлуката на арбитражниот суд. Руската страна очекува од бугарската страна да испрати информации во врска со термините за отплата на долгот - соопштила компанијата Росатом по средбата со официјални лица од бугарската влада.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов исто така истакнал дека во интерес на Бугарија е овој долг (кој што тие го проценуваат на 560 милиони евра) да биде исплатен што поскоро, за да не се плаќаат камати од 167 илјади евра дневно.

Бугарија планира да го продаде проектот за оваа нуклеарна централа од 2.000 мегавати на приватни инвеститори, со мало државно учество, откако не успеа обидот да ја продаде опремата на Иран.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан