mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Годинава во Бугарија изгореле 2.500 хектари шуми

Годинава во Бугарија изгореле 2.500 хектари шуми

Типографија

Опожарените шумски подрачја во 2016 година во Бугарија досега зафаќаат 2.500 хектари, а вкупно се регистрирани 315 пожари. Според статистиката, 97 отсто од нив се резултат на човеково невнимание.

Ова го соопшти министерката за земјоделство и храна Десислава Танева. Според Танева, ова значи дека 2016 година не е најлоша во однос на пожарите. Сепак, периодот на висок ризик од пожари се` уште трае и сите служби се со зголемена готовност за реакција.

  • И натаму сме во сезоната на пожари и сите треба да бидеме многу внимателни - рекла министерката Танева.

Таа особено ги повикала земјоделците на зголемена внимателност.

Потребни се три години за да се утврди дали една опожарена шумска површина може самата да се обнови или ќе и биде потребно пошумување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан