mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Кафуле за поправки, за помалку отпад во Грција

Кафуле за поправки, за помалку отпад во Грција

Типографија

Првото кафуле за поправки во Грција ќе се отвори во септември во градот Патра. Станува збор за место каде што ќе се собираат локалните жители за да си помагаат меѓусебно во поправките н своите расипани предмети, и каде што ќе може да се поправи се`, од скршена чаша до лаптоп.

Целта е да се намали отпадот, бидејќи ако предметите не се поправаат, тие ќе се фрлат и ќе се купат нови. Втората цел е луѓето да ги подобруваат своите знаења и способности да извршуваат разни поправки.

Анастасиос Николадакис, секретар на организацијата „Рециклирање од изворот“ вели дека кафулето ќе им овозможи на жителите да ги поправаат своите предмети бесплатно, и тоа додека пијат кафе.

  • Во ова време многумина не можат да си дозволат да купуваат нови предмети. Поради ова, „Рециклирање од изворот“ ја почна оваа иницијатива - вели Николадакис.

Тој додава дека ако некј не сака да го земе поправениот предмет од кафулето, тие ќе го дадат на некој друг, или во некое училиште.

  • Веќе функционираме на експериментално ниво, поправивме неколку компјутерски екрани што ги дадовме на едно средно училиште во Патра - продолжува Николадакис.

Во светот постојат 1.025 кафулиња за поправки. Концептот го измислила Холанѓанката Мартина Постма во 2009 година, а првото кафуле се отворило во Амстердам. Од 2010 година веќе почнала да функционира фондацијата „Рипер кафе“, која им помага на луѓе од разни делови на светот да отвараат свои кафулиња за поправки.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан