mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Громови предизвикаа десет пожари во централна Далмација

Громови предизвикаа десет пожари во централна Далмација

Типографија

Невреме проследено со грмежи утрово го зафати централниот дел на Далмација, при што од удари на громови биле предизвикани десет пожари, јави агенцијата Хина.

Според Противипожарната служба во Сплит, најголемиот дел од овие пожари биле изгаснати во текот претпладневите часови.

Првиот пожар избуванл околу 4 часот во реонот на Трогир, кој бил изгаснат до 7 часот. Огнената стихија уништила осум хектари земјиште и седум електрични столбови.

Пожари предизвикани од удари на гром се регистрирани и на островите Брач, Хвар и Шолта, како и во близината на Омиш и на неколку локации на подрачјето на Макарска.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан