mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Голем пожар на островот Евија ставен под контрола

Голем пожар на островот Евија ставен под контрола

Типографија

Шумскиот пожар во близина на градот Лимни во северниот дел на грчкиот остров Евија е ставен под контрола, соопшти доцна синоќа противпожарната служба.

Пожарот почна да гори во саботата попладне и во неделата беше ставен под контрола, но потоа повторно се разгоре поради силните ветрови и непристапниот терен.

Локалните власти соопштија дека пожарот уништил илјадници хектари шума, нанесувајќи непроценлива штета на животната средина, но досега нема оштетени домови или загрозени животи. Во гасењето учествувале близу 300 пожарникари, потпомогнати од пет авиони „Канадери“, пет хеликоптери и локални доброволци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан