mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Нов обид да се догради еко-зградата во Подгорица

Нов обид да се догради еко-зградата во Подгорица

Типографија

Иако требаше да биде готова до 2014 година според првичните најави, еко-зградата од 13 милиони евра во црногорскиот главен град Подгорица се` уште не е завршена.

Црногорскиот министер за одржлив развој и за туризам, Бранимир Гвозденовиќ патува во Италија да потпише технички договор со кој ќе се овозможи да продолжи проектот. Како што пишуваат црногорските медиуми, тој таму ќе се сретне со Џан Лука Галети, министерот за заштита на животната средина, копното и морето.

Инаку проектот е заедничка црногорско-италијанска инвестиција, во која учеството на црногорската страна е 44 отсто, а на италијанската 56 отсто. Површината е нешто над 10.000 квадратни метри, и се гради во близина на црногорскиот универзитет. ВО неа треба да се сместат црногорското министерство, и студиската единица за екологија од универзитетот. Со изградбата на еколошки ефикасната зграда Црна Гора треба да стане една од ретките држави во Европа, чија администрација од областа на заштитата на околината функционира во објект со високи еколошки стандарди.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан