mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

"Дејли мејл“ спаси мечка во Албанија

"Дејли мејл“ спаси мечка во Албанија

Типографија

Тажната мечка Томи, која се прослави откако приказната за неа ја објави лондонскиот весник „Дејли Мејл“ на својата интернет-страница, ќе биде одземена од ресторанот каде што ја чуваат и ќе биде преместена во прифатилиште за животни.

Како што пишува весникот, министер од албанската влада засрамено го најавил спасувањето на Томи, по силните меѓународни реакции што ги предизвикала објавата во „Дејли Мејл“.

Само што излегла сторијата, албанската амбасада во Лондон била бомбардирана со жалби, била отворена петиција, а за случајот објавиле голем број интернет-сајтови што се занимаваат со правата на животните. На почетокот на неделата, интернет-изданието на „Дејли Мејл“ објави дека Томи е само една од вкупно осумдесетина мечки што се чуваат во кафези во приватни ресторани низ Албанија. Мечката, стара пет години, била сместена во мал кафез во кој што не можела да ги изведува ниту своите најосновни природни движења, а за исхраната зависела од тоа што ќе и` го фрлеле посетителите. Често била хранета со штетна храна, дури и со колачи и со чипс. Голем број луѓе доаѓале да ја видат во ресторанот оддалечен само 40 километри во планините северно од Тирана.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан