mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Хрватска е зависна од увоз на рециклирана пластика

Хрватска е зависна од увоз на рециклирана пластика

Типографија

Хрватска годишно увезува по 180 илјади тони рециклирана пластика и мора да го подобри својот систем на селектирање на отпадот за да ја намали зависноста од увоз, изјавил хрватскиот министер за заштита на животната средина и на природата, Славен Добровиќ.

Министерот додал дека токму главната цел на планот за управување со отпадот од 2016 до 2022 година ќе биде да се смали зависноста на домашната индустрија од увозот на рециклирани суровини од другите држави на Европската унија.

Добровиќ бил во посета на хрватската фабрика „Стражапластика“, која што прави пластични производи за голем број индустрии, а поради недостиг од рециклирана пластика на домашниот пазар, ја увезува таа суровина од други земји. Министерот рекол дека од подоброто селектирање на отпадот корист ќе има и општеството во целина, и индустриите од овој сектор.

  • На фабриките им недостасуваат суровини и неприфатливо е да се увезуваат по 180 илјади тони пластика годишно. Ако рециклирањето е исплатливо во ЕУ, зошто не би било така и во Хрватска - нагласил Добровиќ.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан