mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

И бугарските екоактивисти ќе се борат против пластиката во водите

И бугарските екоактивисти ќе се борат против пластиката во водите

Типографија

Кампања против загадувањето со пластика во водните басени во Бугарија почнаа екоактивистите по повод Светскиот ден на водата.

Организатори се еколошките организации „Гринпис“ и „За Земјата“, а мотото на иницијативата е „Морето не е за еден одмор“.

Кампањата се спроведува трета година по ред и е дел од светска акција за намалување на пластиката во океаните, покрената од  меѓународните организации „Гринпис“, „Пријатели на Земјата“ и „Европска мрежа за нулта отпад“.

Основната цел на екоактивистите е да го насочат вниманието на јавноста кон значењето на водата за пиење и заштита на водните ресурси. Тоа според нив може да доведе до поодговорен однос кон отпадот што ќе ја подобри состојбата на водните басени и квалитетот на животот на луѓето.

  • Прекумерната употреба на еднократни пластични производи во последните децении доведе до загадување на водоводите, морињата и океаните низ целиот свет со „пластичен смог“ - нагласуваат активистите. Тие потсетуваат дека пластичните честички од водните басени влегуваат во синџирот на исхрана на морските животни и се закана не само за нив, туку и за здравјето на луѓето, кои потоа ги консумираат.

Чистењето на загадените плажи, речните корита и брани само привремено го намалува проблемот. Трајно решение треба да се бара во отстранувањето на причините.

Најголемите „виновници“ за пластичното загадување се чаши и шишиња, како и кеси, вилушки, чинии, пакување и други производи за еднократна употреба кои треба да ги избегнуваме во своето секојдневие.

Кампањата „Морето не е за еден одмор“ е поддржана и од Европската мрежа за нулта отпад (Zero Waste Europe) - движење за целосно намалување на отпадот, во кое членува и бугарската екоорганизација „За Земјата“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан