mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

За еколошки проекти Србија добива помош од 12 милиони евра

За еколошки проекти Србија добива помош од 12 милиони евра

Типографија

Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Србија упати повик до локалната самоуправа, претпријатијата, невладиниот сектор да конкурираат за помош во реализацијата на проекти со кои се зголемува отпорноста на климатски промени.

Помошта во висина од 12 милиони евра се доделува во рамки на проектот „Локалниот развој издржлив на климатски промени“ кој го реализира Министерството во соработка со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Помошта може да се користи за проекти со кои се смалува емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, за обновливи извори на енергија како и за примена на информатички технологии во областа на заштита на животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан