mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Грција се соочува со опасност од екстремни пожари

Грција се соочува со опасност од екстремни пожари

Типографија

Грција е една од државите во светот кои во следниот период ќе се соочуваат со опасност од екстремни пожари.

Ова го објави грчкиот весник „Имерсија“, повикувајќи се на податоци од едно меѓународно истражување.

Автортите на истражувањето, предводени од австралискиот професор Дејвид Бауман, своите анализи ги направиле врз основа на проучување на сателитски снимки од 23 милиони пожари во периодот од 2002 до 2013 години.

Тие во анализата дошле до заклучкок дека Грција и остантите земји во реонот на Средозменото Море, пред се Турција, Франција и Шпанија, се меѓу државите кои во иднина би можеле да се соочуваат со екстремни пожари, додава весникот.

Во истражувањето се посочува и дека во изминативе 15 години од пожари најмногу настрадала територијата на САД, каде само во 2015 година биле уништени над четири милиони хектари површина.

Според истражувачите, веднаш по земјите од медитеранскиот регион, најризична држава за појава на екстремни пожари е Австралија.
 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан