mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Грчки сеизмолози велат дека не постои опасност, но повикуваат на подготвеност

Грчки сеизмолози велат дека не постои опасност, но повикуваат на подготвеност

Типографија

Не постои никаква опасност за Грција, ниту за островот Лезбос, но ситуацијата се следи со големо внимание, изјави грчкиот професор Ефтимис Лекас, во врска со сеизмичката активност регистрирана во последните денови во регионот на Лезбос.

Лекас, кој е професор на Националниот универзитет во Атина, изјави дека феноменот „длабоко ја заинтересирал научната заедница, но сега за сега не предизвикува загриженост за островот“.

  • Детално ја следиме сеизмичката активност, но сега за сега не се забележани никакви промени - рече Лекас.

Сепак, сеизмолозите ги повикаа локалните власти да бидат во состојба на готовност по земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 15 километри северно од селото Моливос.

  • Сеизмичката динамика во областа во минатото има предизвикано земјотреси со интензитет од над 7 степени според Рихтеровата скала - изјави сеизмологот Герасимос Хулиарас, раководител на сеизмичките истражувања на Институтот за геодинамика во Атина.

Професорот на Аристотеловиот универзитет во Солун, Костас Папазакос изрази загриженост поради сеизмичката историја на регионот.

  • Не се случува многу често да има последователни потреси од над 5 степени според Рихтеровата скала. Препорачливо би било властите да бидат во состојба на готовност - истакна тој.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан