Воздухот во Косово подолго време е загаден, но во Приштина периодов загаденоста е далеку над дозволеното ниво.
Властите на Косово ги повикаа граѓаните да избегнуваат да се движат на отворено, особено во понаселените области.
Кога индексот на квалитетот на воздухот изнесува 50 ПМ честички, се смета за нормален. Во косовскиот главен град деновиве беа измерени 242 ПМ честички, што значи дека таму воздухот е доста опасен по здравјето.
Главни причинители за загадувањето на воздухот во Косово се ТЕЦ Обилиќ, автомобилите и запалливите материи.