Умерен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу 8 часот, близу грчкиот остров Нисирос во Егејското Море.
Епицентарот е лоциран на 23 километри југозападно од островот, на длабочина од 105 километри. Потресот се почувствувал на островите Кос,Тилос и Астипалеа. Нема информации за настрадани и материјални штети.
Според Европскиот средоземноморски сеизмички институт, јачината на потресот била 5,5 степени по Рихтер.