mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Србија има повеќе од 3.500 диви депонии

Во Србија има повеќе од 3.500 диви депонии

Типографија

Во Србија има повеќе од 3.500 диви депонии, а главни причини за нивното настанување се непостоењето закон за комунални работи и слабата казнена политика.

За напредокот на Србија на ова поле заменик министерот за животна средина Александар Вешиќ вели дека е потребно државата да инвестира околу 10,5 милијарди евра. Според него рециклирањето е можност за отворање нови работни места и за развој на зелената економија.

Директорот на белградскиот секретаријат за заштита на животната средина Филип Абрамовиќ вели дека средувањето на депониите чини многу средства и дека е најдобро тоа да се направи со јавно приватно партнерство.

  • Идниот партнер ќе мора да ја санира и да ја затвори постоечката депонија, да направи место за третман на отпадот кој ќе произведува електрична и топлинска енергија и да го собере и распореди целиот градежен отпад за рециклирање - вели Абрамовиќ.

Според него веќе се подготвува рециклажниот центар со автоматски линии за распоредување на отпадот, каде граѓаните ќе може да го остават кабастиот, електричниот и електронскиот отпад, гуми и лакови. Тој додава дека се очекува отворање на првиот рециклажен центар во Нов Белград кај спортскиот центар „11 април“ , од идната година ќе бидат отворени и рециклажни дворови. Абрамовиќ наведува дека се подготвуваат две трансферни станици за отпад од кои едната ќе биде на територијата на општината Земун, а другата во Сопот или во Младеновец. Исто така се подготвува и замена на подземните контејнери со рециклажни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан