mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Јавните згради во Прибој ќе се греат на биомаса

Типографија

Општината Прибој во Србија вовела греење на биомаса на јавните згради, во соработка со Германската организација за меѓународна соработка, ГИЗ.

Како што соопштиле од ГИЗ, греењето на јаглен во училиштата, градинките, домот на културата и во зградата на општинската администрација, е заменето со биомаса. Проектот е спроведен со поддршка и на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.

Заменик-претседателот на општината Прибој, Саша Василиќ, кој е и претседател на работната група за биомаса во Златиборската област, рекол дека со ова јавните установи добиле постабилно и поквалитетно греење, а граѓаните почист воздух.

  • Стратегиската одлука на општината Прибој е да ги замениме фосилните горива и да почнеме да користиме еколошки чисти горива - изјавил Василиќ, додавајќи дека се планира градската топларница, која сега користи мазут, исто така да се приспособи за користење дрвна биомаса.

Досега проектот за развој на одржлив пазар на биоенергија во Србија е спроведен во општините Врбас и Крагуевац, а уште 15 општини работат на префрлувањето на ваков вид гориво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан