mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Бугарија е меѓу земјите со најстари шуми во Европа

Бугарија е меѓу земјите со најстари шуми во Европа

Типографија

Бугарија се најде меѓу првите држави во Европа според биолошката разновидност и површината на стари шуми. Тоа се случи откако седум отсто од шумите во земјата, или 109.000 хектари се внесени во мрежата Натура 2000, како шуми во фаза на стареење.

Ова го соопштила Извршната агенција за шумите. На тој начин Бугарија влезе меѓу земјите со најмногу шуми со таков статус, посочуваат од Агенцијата.

Шумите во фаза на стареење се важни за одржување голема биолошка разновидност и рамнотежа меѓу екосистемите. ТИе исто така овозможуваат увид во динамиката на растителниот свет, процесите на обновување, структурата на дрвјата и природните нарушувања. Изучувањето на овие процеси помага за подобро оправување со другите шуми.

Издадената наредба, според Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) е важен чекор за заштитата на природата во Бугарија, и е резултат на долгогодишните напори на заштитарите.

Вековните шуми се и најзначајни за зачувување на водите, прочистување на воздухот и за одржување на биолошката разновидност.

  • Наредбата произлегува од ангажманот на државата да се приспособи на европското законодавство за заштита на природата, во однос на еколошката мрежа Натура 2000 - коментира Нели Дончева, раководителка на одделот за шуми во WWF.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан