mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Типографија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала го погоди северниот дел на Албанија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Потресот е регистриран малку по пет часот утрината.

Епицентарот се наоѓал во градот Решен, во областа Љежа, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за повредени лица и причинета материјална штета.

Во Македонија е почувствуван во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан