mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

На продажба имоти во еколошката населба Сончева Долина во Нови Сад

На продажба имоти во еколошката населба Сончева Долина во Нови Сад

Типографија

Проектот за населбата Сончева Долина во градот Нови Сад е замислен да ги вклучува најдобрите решенија за енергетска ефикасност и за користење обновлива енергија.

Населбата се гради на падините на Фрушка Гора, на десниот брег на реката Дунав, во местото Каргача, близу до автопатот меѓу Нови Сад и Рума. Вкупно се прават 112 куќи од 73 до 166 квадратни метри, на 3,6 хектари. Кога ќе биде готова населбата, ќе се добијат вкупно 12.500 квадратни метри енергетски ефикасен станбен простор.

Првата фаза почна во април годинава со изградбата на 10 станбени единици и една канцелариска зграда, Тие треба да бидат готови до летото 2017 година. Втората фаза ќе почне во 2018 година и ќе трае до завршувањето на проектот. Додека траат градежните работи, првите куќи веќе се нудат на пазарот.

Обновливата енергија, пред се сончевата, ќе се користи за греење и ладење, како и за топла вода. Целиот покрив на централната канцелариска зграда од 250 квадратни метри ќе биде покриен со соларни колектори, со што ќе се обезбеди 60 отсто од енергијата потребна за греење и ладење на целиот комплекс. Поради енергетски ефикасната градба, се очекува дека објектите ќе користат 15 пати помалку енергија за греење од просечните нови згради во Србија, и вкупно ќе трошат четири пати помалку енергија од просекот во Нови Сад.

Во сите куќи ќе биде вграден системот „паметен дом“, со кој ќе им се овозможи на жителите преку своите мобилни телефони да го регулираат греењето и ладењето, дури и во секоја соба посебно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан