mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Меѓународна инспекција на бугарските шуми предложени за УНЕСКО

Меѓународна инспекција на бугарските шуми предложени за УНЕСКО

Типографија

Експертката од Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) Елена Осипова извршила инспекција на буковите шуми во бугарскиот национален парк Централен Балкан, кои се предложени за листата на природно наследство на УНЕСКО.

Таа направила обиколка на три резервати во рамките на паркот, и тоа Боатин, Царичина и Џендема, заедно со експерти од паркот, Националната служба за заштита на природата, и од Националната еколошка мрежа. Бугарските власти очекуваат дека со оваа теренска проверка ќе се потврди квалитетот на нивната номинација.

Бугарија, заедно со уште девет земји од регионот и од Европа беше поканета од УНЕСКО да се вклучи во проектот за заштита на старите букови шуми на Карпатите и во други делови на Европа. Стогодишните букови шуми во резерватите на националниот парк Централен Балкан се идентификувани како шуми што ги поседуваат неопходните квалитети за да бидат вклучени на листата на светското наследство на УНЕСКО.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан