mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Бугарија вложила 175 милиони евра за заштита на Црно Море

Бугарија вложила 175 милиони евра за заштита на Црно Море

Типографија

Бугарската Влада е целосно посветена на исполнувањето на обврските за заштита на Црно Море, велат од Министерството за животна средина и води на земјата.

Оттаму истакнуваат дека со оперативната програма „Животна средина 2007-2013“ биле инвестирани речиси 175 милиони евра за изградба и реконструкција на пречистителните станици за отпадни води по целото црноморско крајбрежје. Дополнително, со програмата од 2014 до 2020 година, треба да се изградат пречистителни станици и во Приморско и во Златни Песоци, со што ќе се покријат сите големи туристички центри покрај морето.

Неодамна во Варна беше отворен и Центар за интегрирано управување и следење на крајбрежната зона, што исто така помага во мисијата да се зачува Црно Море. Целта на оваа институција е да ги собира сите информации од ресорните институции во врска со состојбите на морските води, и да се бори со излевањата на нафта.

Шесте земји што излегуваат на Црно Море, Бугарија, Романија, Украина, Русија, Грузија и Турција, пред 20 години утврдил 59 мерки за неговата заштита. Активностите на Бугарија, на која отпаѓаат 378 километри крајбрежна линија и 6.360 квадратни километри морска површина, се во рамките на таа иницијатива.

Инаку Црно Море е едно од најмладите мориња, бидејќи до пред само 8.000 години било слатководно езеро, но потоа се споило со светските мориња преку Босфор. Затоа има и двојно помала соленост од просечното море. Во еден литар вода од Црно Море се содржат околу 17 грама сол, а светскиот просек е 35 грама. Ова море собира една третина од водите во Европа, бидејќи во него се влеваат големите реки Дунав, Днестар, Днепар, Дон и Буг.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан