mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Отворен српски центар за енергетска ефикасност

Отворен српски центар за енергетска ефикасност

Типографија

На Машинскиот факултет во Белград е отворен српскиот центар за енергетска ефикасност.

За да се обучуваат менаџери за ефикасно користење на енергијата јапонската Влада има одвоено 700 илјади евра.

  • Ова е мошне значајно за Србија затоа што заштедата на енергијата е можеби и поважна од изградбата на нови објекти - вели српскиот министер за рударство и енергетика Александар Антиќ укажувајќи на нарационалното трошење на енергијата во Србија.

Тој додава дека Србија се обврзува до 2018 година да ја намали вкупната потрошувачка на енергија за 10 отсто, а бројката од шест отсто веќе е постигната. 

  • Фирмите кои трошат повеќе од 2.500 тони еквивалент на нафтата, локалните заедници со повеќе од 20 илјади жители и трговските центри кои користат повеќе од илјада тони еквивалнт на нафтата во иднина ќе имаат менаџери кои ќе им направат проекти за заштеда на енергијата кој сега тече на сите страни - додава Антиќ.

На Машинскиот факултет се обучени 10 инструктори кои до јануари идната година би требало да ги оспособат менаџерите за енергетска ефикасност.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан