mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Земјотрес на границата меѓу Грција и Албанија

Земјотрес на границата меѓу Грција и Албанија

Типографија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди регионот на грчко-албанската граница.

Потресот бил регистриран во 20.14 часот.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун, а жариштето било на длабочина од 21 километар.

Институтот наведе дека засега нема информации дека земјотресот предизвикал штета или дека има повредени луѓе.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, вчера во 22:14 часот регистрирала земјотрес со епицентар во соседна Грција, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда 5.5 и бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен и околината, со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан