mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Метеоролозите се против одлуката за затворање на станицата на Мусала

Метеоролозите се против одлуката за затворање на станицата на Мусала

Типографија

Метеоролошката станица на врвот Мусала е престаната со работа без јасна причина, сите мерења се прекинати, но вработените одбиваат да ја напуштат.

Ова е највисоката станица на Балканскиот полуостров и дава информации важни и за меѓународната размена. Од Институтот за метеорологија при Бугарската академија на науките (БАН) велат дека станицата не е затворена, а нејзината работа е запрена само до пролетта поради недостиг на квалификуван персонал кој да ја сервисира.

Од 2 октомври 1932 година досега без прекин метеоролозите вршат мерење на времето во станицата на Мусала. Решението за запирање се покажа изненадувачки за вработените во неа, бидејќи дури во времето на Втората светска војна тоа не се случило. Од раководството уверуваат дека во април работата на станицата ќе продолжи. Метеоролозите сепак стравуваат дека тогаш апаратите нема да се погодни за употреба.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан