mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се гради најголемата фарма на ветер во БиХ

Ќе се гради најголемата фарма на ветер во БиХ

Типографија

Хрватската група ДИВ од Самобор објави дека ќе ја изгради најголемата фарма на ветер во Босна и Херцеговина.

Централата ќе биде изградена во близина на Томиславград во јужниот дел на земјата и работите треба да почнат следната година.

Групата, која е главно ангажирана во бродоградба и производство на завртки, ќе ги произведува столбовите на фармата со ветерници, а за другите делови ќе соработува со партнери.

Намерата на ДИВ е да се позиционира на пазарот како производител на електрична енергија од обновливи извори. Планот на групата е да се инсталира на фарми со ветерници со вкупен капацитет од 400 до 600 мегавати во Хрватска и во земјите од регионот, со тенденција за зголемување на инвестициите во проширување на постојните и во нови капацитети во морски и крајбрежни локации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан