mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Дел од Егејско Море служи како болница за морски животни

Дел од Егејско Море служи како болница за морски животни

Типографија

Водите околу островот Липси во Егејско Море се заштитува како засолниште за повредени морски животни, каде што тие ќе може да добијат соодветен третман од стручните лица.

Овој проект го води Институтот за заштита на морскиот свет Архипелагос. Анастасија Милиу, хидробиолог од овој институт, вели дека секоја година во Егејско Море гледаат десетици повредени животни, делфини, желки и други, но дека немаат соодветна инфраструктура да им помогнат.

  • Има некои основни капацитети, но тие се во вештачка средина, во аквариум, во град. Овде се обидуваме да направиме засолниште покрај изолираниот брег на северозападниот дел од островот, кое ќе служи како болница за морските животни, но и како област за научни истражувања каде што ќе се обидеме да го обновиме медитеранскиот екосистем каков што бил пред човекот да го деградира. Местото ќе служи и како меѓународен центар за истражување и за едукација - вели Милиу.

Засолништето било во делумна функција уште од летово, а се очекува да проработи со полн капацитет зимава.

Институтот Архипелагос е непрофитна и невладина организација основана во 1998 година, која се занимава со проучување и заштита на грчките мориња. Нивната мисија еда го штитат морето од нелегален риболов, испуштање отпадни води и загадување. Годишно стотици истражувачи и студенти од целиот свет учествуваат во нивните активности.

Според Милиу, особено е важно да се заштити Егејско Море, бидејќи имало најбогат биодиверзитет во Европа.

  • Тука се последните големи ливади со морски треви, а има и големи и важни корални гребени изградени од црвени алги, неверојатно убав екосистем стар 7-8 илјади години - додава Милиу.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан