mksqen
24
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Септември прогласен за зелен месец во Србија

Септември прогласен за зелен месец во Србија

Типографија

Делегацијата на Европската унија во Србија заедно со повеќе организации ќе го одбележат септември како зелен месец.

Кампањата ќе се одвива под мотото „Европа за зелена Србија“ и ќе трае до 24 септември. Ќе се фокусира на заштитата на животната средина и на урбаната мобилност, како и на значењето на борбата против климатските промени.

Во тие рамки ќе се одржат повеќе настани во Белград, Нови Сад, Ваљево и во Ниш. Ќе има предавања за штетноста од фрлањето храна, натпревар за најдобра фотографија на тема „Биди еко-мобилен“, а ќе се одржат и работилници за енергетска ефикасност.

Според делегацијата на Европската унија во Белград, од 2000 година до денес Србија добила повеќе од 700 милиони евра неповратна помош од ЕУ за заштита на животната средина и за подобрување на енергетската ефикасност.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан