mksqen

Костарика го забрани спортскиот лов со граѓанска петиција

Костарика го забрани спортскиот лов со граѓанска петиција

Типографија

Костарика стана првата латиноамериканска држава што го забранува спортскиот лов. Конгресот на земјата едногласно ја усвои одлуката со која се заштитува дивиот свет, особено неколку вида големи мачки.

Прекршителите на новиот закон ќе се соочат со затворски или со многу високи парични казни.

Ловџии од целиот свет доаѓаат во Костарика да ловат јагуари и пуми заради забава, или да се обидат да ги заробат овие диви мачки и да ги продадат како миленичиња на црниот пазар. Илегалниот лов им носи голема заработка на водичите. Папагалите се исто така честа цел, бидејќи може да се продадат.

Но токму тоа е причината за забраната. Костариканските граѓани почнаа иницијатива за да ги заштитат своите животни и собраа 177.000 потписи кои ги испратија до конгресот. Сега, откако законот е изгласан, прекршителите може да се соочат со затворски казни до четири месеци, или со парични казни до 3.000 долари.

Костарика е држава со многу развиена еколошка свест, и вложува големи напори во заштитата на својот богат биодиверзитет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет