mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Мапа што покажува колку земјата се сменила од 1980 година досега

Мапа што покажува колку земјата се сменила од 1980 година досега

Типографија

Научници од универзитетот во Отаго, Нов Зеланд, развиле систем за мапирање што може да ги следи промените во големите вегетациски системи на планетата, тревните површини, тропските шуми, зимзелените шуми, пустините, грмушкастите предели итн.

Новиот систем ќе им овозможи на научниците попрецизно да следат како биомите реагираат на глобалното затоплување. Тој користи стателитски системи што редовно мерат каква е вегетациската активност, температурата и влажноста на почвата во секој биом. Со овој систем веќе се измерило дека од 1980-тите години досега се смениле 13 отсто од вегетациските формации на Земјата.

  • Ова покажува дека се случуваат значителни промени во карактерот на Земјината површина. Меѓу другите примери, делови од Намибија и од северна и централна Австралија се смениле во посуви категории на биоми, а некои системи што студот ги ограничувал да се развиваат, сега се попродуктивни - рекол Стивен Хигинс, ботаничар од универзитетот во Отаго, кој го раководи проектот.

Според ова, додека едни делови од Земјата опустинуваат, други зазеленуваат. Една неодамнешна студија покажала дека делови од централна и од северна Африка станале позелени поради зголемените емисии на јаглерод-диоксид и растот на температурата на Средоземно Море.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет