mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Замрзнат проектот за мега-брана што ќе ги поплавеше домородците

Замрзнат проектот за мега-брана што ќе ги поплавеше домородците

Типографија

Бразилската влада одлучила засега да го запре проектот за изградба на голема брана на реката Тапажос, притока на Амазон, објавил бразилскиот министер за енергетика и рударство Фернандо Коељо Фиљо.

Оваа одлука се очекуваше откако бразилското регулаторно тело за животна средина Ибама минатата недела одлучи да не издаде еколошка дозвола за изградба на хидроенергетска брана. За да се поднесе ново барање за дозвола, повторно треба да се извршат еколошки студии, кои се скапи.

Станува збор за проект кој ги доведе во конфликт бразилските институции што покриваат различни ресори. Оние од енергетскиот сектор притискаа браната да се направи, надлежните за животна средина беа строги, а бразилското тело за домородни работи остро се противеше. Против браната силно реагираа домородците, како и организациите за заштита на околината.

Според образложението на Ибама, не биле навреме приложени информации за еколошката и за социјалната одржливост на проектот. Инаку процесот за добивање еколошка дозвола почнал уште во 2009 година, но прво бил суспендиран во април откако против него реагираше телото за домородни работи, Фунаи.

Проектот со вредност од околу девет милијарди евра. Со инсталиран капацитет од 6,1 гигавати, браната, чиј иницијатор беше државната компанија Елетробрас и други компании од електроенергетскиот сектор, ќе беше една од најголемите во Бразил. Но акумулацијата ќе поплавеше 376 квадратни километри амазонска прашума, која е дом на околу 12 илјади Мундуруку Индијанци, соопшти Гринпис.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет