mksqen
18
Нед, Апр
0 Нови / 7 дена

Трамп вети дека наскоро ќе даде изјава за Парискиот договор за климата

Трамп вети дека наскоро ќе даде изјава за Парискиот договор за климата

Типографија

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе даде изјава за Парискиот договор за климата.

Тој не ги потврди различните медиумски информации што се појавија, според кои тој решил САД да се повлечат од него.

  • Својата одлука за Парискиот договор за климата ќе  ја соопштам во следните неколку дена. Да ја направиме Америка повторно голема - напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател климатските промени веќе ги нарече !„измама“, што има за цел да ја ослабе индустријата на неговата земја. На самитот на Г-7 во Сицилија тој одби да го поддржи договорот и изјави дека има потреба од повеќе време за да донесе одлука. Подоцна анонимен извор, цитиран од британските медиуми, ги потврди објавените различни медиумски информации дека Трамп планира САД да се повлечат од договорот.

Службеник на Белата куќа, исто така, изјави дека се очекува Трамп да се повлече од Парискиот договор за климата. Тој, меѓутоа, сакал да ја искористи формулата, која дозволува одлуката да се толкува како неконечна.

Само Сирија и Никарагва не учествуваат во Парискиот договор за климата.

Повлекувањето на САД, меѓутоа, би можело да има сериозни последици за договорот, што смета на учеството на земјите производители на најголемото количество штетни гасови, забележуваат британските медиуми.

Според Парискиот договор,  САД до 2025 година требаше  да ги намалат своите емисии на штетни гасови на 26 до 28 отсто во однос на нивото од 2005 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет