mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Мадрид ќе ги забранува старите автомобили до 2025 година

Мадрид ќе ги забранува старите автомобили до 2025 година

Типографија

Градските власти на Мадрид ги објавија плановите да се забрани старите и повеќето возила што загадуваат да се тргант од центарот на градот до 2025 година.

Ова е обид со остри мерки да се справат со загадувањето на воздухот.

Локалната самоуправа во центарот на градот ќе ја забрани употребата на возила регистрирани пред 2000 година, а кои се на бензин мотор и дизел автомобилите регистрирани пред 2006 година.

  • Забраната ќе го намали нивото на азот диоксид во градот за околу 15 отсто, кој отровен гас и кој е причина за респираторните проблеми - велат од локалната власт на Мадрид.

Градоначалникот на Мадрид Мануела Кармен смета дека ова е план А за квалитетот на воздухот во Мадрид, бидејќи не може да има било каков план Б.

Локалната власт на Мадрид одвои 544 милиони евра за завршување на 30 мерки вклучени во планот, кој исто така поттикнува поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет