mksqen

Екстремен студ во Северна Америка

Екстремен студ во Северна Америка

Типографија

Арктички бран го зафати северниот дел од САД, со многу ниски температуру во Монтана и во Северна Дакота и обилен снег во другите делови на земјата.

Снегот и мразот предизвикаа хаос на патиштата и стотици сообраќајни несреќи. Поради поледицата загинаа најмалку шест лица. Најтешка сообраќајна несреќа беше верижниот судир во близина на Балтимор, при што загинаа две лица, а 15 се повредени.

  • Жителите на Северна Дакота се соочуваат со студ што би можел да ги загрози животите - соопшти Националната метеоролошка служба.

Во Монтана луѓето беа предупредени да се заштитат од хипотермија, додека вчера е измерена рекордно ниска температура од минус 34 степени Целзиусови.. Меторолозите истакнуваат дека арктичкиот бран од Канада ги зафати американските сојузни држави во северниот дел и во средниот запад. Висконсин, Индијана, Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн се погодени од снежни бури.

Во Канада, пак, повеќе од 3.000 домаќинства се без електрична енергија во провинцијата Нова Шкотска поради снегот и силниот ветер. Ветерот се движи со брзина од 60 до 80 километри на час, а снежната покривка достигна до 15 сантиметри. Поради снегот откажани се над 200 летови од аеродромот во Торонто, а на аеродромот во Отава откажани се 30 летови.

Во централните и западните провинции на Канада се усложнува ситуацијата од екстремно ниските температури. Во Манитоба, во Саскачеван и Алберта температурата на воздухот се спушти и до минус 35 степни Целзиусови, а на одредени места поради ветерот температурата се спушти до минус 45. На граѓаните им е препорачано да останат во домовите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет