mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

За биодиверзитетот се потребни граѓани-научници

За биодиверзитетот се потребни граѓани-научници

Типографија

Граѓани-доброволци што би ги набљудувале птиците или би го следеле цутењето на дрвјата во местата каде што живеат би можеле да дадат голем придонес во светските истражувања на биодиверзитетот, покажала една нова студија.

Веќе постојат многу примери во кои граѓаните обезбедуваат многу податоци за биолошката разновидност , но може уште повеќе да се постигне, се вели во студијата. Се додава дека нивниот придонес не мора да биде само локален, туку и регионален и глобален.

Граѓаните-научници се всушност обични луѓе што не се занимаваат професионално со биолошката наука, но се вклучуваат во истражувањата со едноставни задачи, на пример да следат какви видови се присутни во нивната околина или да проверуваат постари и понови сателитски снимки за да откријат дали на некои места шумите се исечени или, пак, била променета намената на земјиштето.

  • Тие веќе даваат голем придонес во науката за животната средина. На пример, голем дел од податоците за присуство на на животински видови на некој простор се обезбедени од јавноста што се вклучила во истражувањето. Прашањето што ние си го поставивме е во кои делови има голем придонес од граѓаните, а во кои помал, и како може тие сознанија да се искористат за да се пополнат празнините во науката - вели истражувачката Линда Си.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет