mksqen

Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се искачи на 842

Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се искачи на 842

Типографија

Бројот на загинатите на Хаити при налет на ураганот Метју се изкачи на 842 луѓе, додека десетина илјади лица останаа без домови, а посевите се уништени, соопшти службата за цивилна заштита и локалните претставници.

  • Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата - соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.

Ураганот Метју остави хаос зад себе, па покрај загинатите и повредени луѓе, целосно се отсечени патиштата во неколку окрузи.

  • Околу 600.000 домови во Флорида останаа без електрична енергија поради ураганот Метју - изјави гувернерот на југоисточната американска сојузна држава Рик Скот.

Воедно е забележана првата жртва од ураганот Метју на Флорида. Загина повозрасна жена меѓу 50 и 60 години.

Портпаролот на локалната пожарникарска служба Кетрин Чејни изјави дека  поради силниот ветер не можеле да стигнат на време откако и се слошило на жената.

Еден од најпогодените реони во Флорида е општина Бревард, источно од градот Орландо на атлантското крајбрежје, каде без електрична енергија се 146.000 домаќинства.

Епицентарот на ураганот се движи до источниот брег на Флорида во северна насока, откако бурата усмрти стотици луѓе на Хаити.
Скот посочи дека постои опасност од големи поплави во реонот на Џаксонвил.

  • Најлошото претстои, се очекуваат ветрови со брзина од 160 километри на час - наведе Скот. 

Хаити често е на удар на природни катастрофи, бидејќи се наоѓа на патеката на ураганите, а во јануари 2010 година земјата беше погодена од силен земјотрес при што поголем дел од Порт о Пренс беше уништен, а загинаа над 250.000 луѓе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет