mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Растот на јаглерод-диоксидот не им носи добро на растенијата

Растот на јаглерод-диоксидот не им носи добро на растенијата

Типографија

Дали повисоките температури и повисоките нивоа на јаглерод диоксид, очекувани по 2050 година ќе влијаат позитивно на растенијата, типични за пасиштата на Калифорнија? Тоа го истражуваат научници од Универзитетот Стенфорд во новото истражување објавено во Билтенот на Националната академија на науките.

Со овој експеримент научниците дошле до заклучок дека повисоките нивоа на јаглерод диоксид во споредба со сегашните не го менуваат значително растот и производството на растенијата, но во исто време повисоките температури им даваат негативен ефект.

Научниците од Стенфорд истражувале 132 вида цвеќиња и треви во Калифорнија, кои се донесени во различни нивоа на јаглерод диоксид, температура, вода и азот. Тестот им е одржан во 16 сезони на одгледување меѓу 1998 и 2014 година Тие утврдиле дека само повисоките нивоа на азот имаат позитивно влијание на растенијата, додека повисоките температури – негативно, односно водат до нејзино намалување. Овој експеримент е спроведен само во калифорниски пасишта, но и други истражувања во текот на годините исто покажувале, дека станува збор за мит дека „зголемувањето на јаглерод-диоксидот е добро“.

Студија од 2012 година утврди дека повисоките температури се штетни за француските приноси пченка. Друга студија објавена во списанието Nature Climate Change дури доаѓа до заклучок дека повисоките температури ќе доведат до пониско производство на пченица. Пораст само со еден степен Целзиусов на глобалната температура ќе го намали производството и со околу пет отсто.

Сите овие истражувања покажуваат дека веќе сме блиску до моментот кога зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид во атмосферата нема да биде од корист за растенијата како целина, додека зголемените температури кои се паралелен процес, им ја повредуваат продуктивноста.
Сигурно има и некои позитивни страни на промените на климата, но сите докази покажуваат дека негативните ќе бидат многу повеќе од позитивните, истакнуваат научниците.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет