mksqen

Невреме остави 1,7 милиони Австралијци без струја

Невреме остави 1,7 милиони Австралијци без струја

Типографија

Моќната бура што ја зафати Јужна Австралија без електрична енергија ја остави цела држава.

Државата Јужна Австралија, во која живеат 1,7 милион луѓе, беше зафатена од силен ветар и пороен дожд. Бурата доведе до прекин на електричната енергија, предизвика и хаос по патиштата, луѓето ги заглави по лифтовите, а властите ги натера да ги предупредат жителите да не излегуваат надвор.

  • Ова очигледно е доста големо невреме, кога може да оштети толку многу инфраструктура и да разурне толку многу од системот - рече премиерот на државата Џеј Ведрил.

Специјализирани екипи работат на обновата на електричната енергија, но отстранувањето на штетите веројатно ќе одземе часови и часови, изјави тој.

Метеоролозите очекуваат лошото време да продолжи до утре со ветар со бризина над 100 километри на час и врнежи до 10 сантиметри. Според нив, оваа бура може да се покаже како најсилната во Јужна Австралија во последните 50 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет