mksqen

Аерозагадувањето може да предизвика Алцхајмерова болест?

Аерозагадувањето може да предизвика Алцхајмерова болест?

Типографија

Постои можна врска меѓу загадувањето на воздухот и Алцхајмеровата болест, покажале последните проучувања на мозочното ткиво во рамките на еден британско-мексикански научен проект.

Професорката Барбара Мејхер од Универзитетот во Ланкастер и нејзиниот тим го испитувале мозочното ткиво на 37 лица што живееле во Манчестер или во Мексико Сити, два града познати по загадениот воздух.

Со микроскопска и спектроскопска анализа, тие нашле мали честички магнетит во мозоците, кои навлегле таму поради загадениот воздух. Ова е прво откритие од ваков вид. Магнетитот е токсичен минерал што се поврзува со производството на слободни радикали, кои, пак, се поврзуваат со невродегенеративни болести како Алцхајмероцата. Честичките биле со димензии од пет до 150 нанометри. Честички помали од 200 нанометри може да влезат во мозокот директно преку вдишување загаден воздух.

Научниците сепак истакнуваат дека не утврдиле конечна врска меѓу честичките и смртоносните болести на мозокот, но сметаат дека сега има доволно показатели за тоа да се истражува понатаму.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет